Научниците од американскиот Универзитет Корнел и гарманскиот Унвиерзитет Улм случајно направија стакло тенко само два атоми. До откритието дојдоа по грешка – правејќи чист графен, забележале дека на него се насобрала „прашина“.
Со детална анализа откриле дека станува збор за изненадувачки тенок слој стакло кое со состои од силикон и кислород. Научниците сметаат дека по грешка истечениот воздух довел до реакција меѓу кварцната печка и бакарните фолии кои се користат за работа со графенот.
Тимот од Гинисовата книга на рекорди официјално го призна овој рекорд, а во содржината на книгата ќе влезе во 2014 година.
И покрај тоа што едвај има некоја дебелилна, новата стаклена површина им даде на научниците увид во суштинската структура на стаклото. Користејќи електронски микроскоп, произведоа слика која го открива точниот распоред на атомите на стаклото, што е информација до која се дојде првпат. Но следело уште едно изненадување. Тие утврдиле дека физичарот, Вилијам Хоулдер Сахаријасен дошол блиску до мапирања на точниот распоред на атомот на стаклото во дамнешната 1932 година.