Шефот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, во својот говор по повод годишнината од нападот на САД, повика на напад на Америка и економски бојкот.
Говорот кој што трае 72 минути, е објавен на џихадистички форуми, ден по церемонијата во знак на сеќавање на околу 3.000 жртви во нападот од 11-ти септември во 2001 година.
-Треба да направиме САД да крвари, со економски провокации на масовни трошоци во безбедноста. Слаба точка на Америка е нејзиното стопанство, кое веќе не е на стабилни нозе поради воени и безбедносни трошоци – изјави Завахири, и додаде дека со тоа ќе се постигне одржување на тензии преку неколки различни напади, како во Сомалија, Јемен, Ирак и Авганистан, само треба да продолжат и на американска територија, пренесе „Франс прес“.
Завахири наведе дека нападите би можело да ги изврши еден или повеќе браќа, но нагласи дека вреди да се чека вистинскиот момент.
-Овие напади мора да ги чекаме, треба да се искористи можноста да извршиме уште поголем напад, дури ако е потребно и повеќе години, порача тој потсетувајќи се на бомбашкиот напад во Бостон.
Елена Георгиевска