Тешка несреќа меѓу скапиот ламборџини и комбе за достава на „Бритиш Пост“ се случи во средата околу 20 часот во Бектон. Во скапото возило патувале матуранти кои оделе на матурскиот бал.
Лондонската полиција пријави шест жртви кои се хоспитализирани. Изненадувачки е што инволвираните поминале смао со повреди со оглед на состојбата во која се двете возила по несреќата.
Бледо синиот Lamborghini Urus носел неколку матуранти на пат кон нивната матура кога се случи несреќата, објави Evening Standard.
На социјалните мрежи се појавија слики од последиците од бруталниот судар, на кои се гледа вработен во Кралската пошта и две тинејџерки облечени во свечени фустан како повредени седат на патот.