Нови победи за Грабул и за Ѓорческа

Од:

Македонските тенисери Димитар Грабул и Лина Ѓорческа постигнаа нови победи во мечевите од 2. коло.

Грабул на турнирот во Суботица го победи квалификантот Иван Шабанов препуштајќи му само три гема – 6:1 и 6:2 во двата сета. Македонецот утре во четвртфиналето ќе игра против 22-годишниот тенисер Фрањо Распудиќ од Босна и Херцеговина (1177.место на АТП листа). Рапсудиќ го победи 8.носител Илија Вучиќ со 2:1 во сетови.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да победи во 2.коло на фјучрс турнирот во Врњачка Бања. Таа денеска ја совлада Нина Асанин со 2:0 во сетови. Противничката успеа да овои само три гема – 6:1 и 6:2.

Во четвртфиналето противничка на Ѓорческа ќе и биде квалификантката Ема Полиќ (Србија), која направи изненадување со победата од 2:1 во сетови над втората носителка Тамара Ќуровиќ (Србија).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен