Синот на Вучиќ запрен на Косово, закани со оружје поради „провокативна“ маица

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на Инстаграм низ што поминал неговиот син Данило кога бил запрен од косовската полиција.

„Дури сега дознав што се случува на Косово. Последен пат кога го запреа Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција бараше да ја соблече маицата на која пишуваше „Предавање не е опција“, напиша тој.

Данило не се согласил, а потоа му го впериле пиштолот и го прашале „Таткото име? Тој одговори: “Александар! Тоа е мојот татко и твојот претседател”! Маицата не му беше соблечена, лицето не му беше извалкано. Предавањето не е опција“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Косовската полиција го запрела и го пребарала автомобилот во кој бил синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, кој бил на Косово на собирот одржан во Грачаница по повод Видовдан.

Тој бил запрен на излезот од автопатот, во селото Труде, пренесува Коха диторе, додека ТВ Дукаџини пренесува дека косовската полиција го принудила синот на претседателот на Србија да ја соблече маицата со натпис „предавање не е опција“, бидејќи сметаа дека тоа е провокативна порака.

Коха наведува дека Данило Вучиќ бил запрен во моментот кога одел на литургија во манастирот Грачаница.

„Му честитам на Албин Курти за неговата храброст. Курти не е толку храбар кога е во мое друштво, затоа многу е храбар кога испраќа некои други да се исживуваат со туѓи деца. Само нека продолжи. Предавањето не е опција, изјави синоќа Вучиќ.

Тој додаде дека еден ден ќе напише книга, дека добро се сеќава на сите работи, особено на оние поврзани со Косово. „На луѓето ќе им биде интересно“, рече тој, додавајќи дека „предавањето не е опција“ е неговото мото за живот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он