Центарот за култура во Битола опремен со најсовремена дигитална техника за слика и звук

Од:

Центарот за култура Битола, традиционално, и оваа година ќе ги отвори вратите за интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој започува в сабота, 14. септември, но овој пат опремен со најсовремена дигитална техника за слика и звук. Имено, непосредно пред фестивалот, киното во Големата сала е опремено со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Barco“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.

14-centar za kultura bitola

Постоечкото платно е заменето со ново, високо рефлективно, со што нивото на квалитетот на сликата ќе ги достигне стандардите на светските кино сали. Додека за потполно нов 5.1 и 7.1 сараунд звук е инсталиран Долби систем CP 650, што значително ќе ги подобри перформансите во поглед на звукот.

5-centar za kultura bitolaСо ова Фестивалот но и градот Битола добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук. Со тоа се отвора едно ново поглавје во киното во Големата сала при Центарот за култура Битола, кое набрзо после фестивалот ќе започне и со редовни 3Д проекции на најновите филмски остварувања, односно целта е кино репертоар 365 дена во годината во Центарот за култура.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ