Сони на ИФА саемот во Берлин претстави повеќе звучници прилагодени за различни животни ситуации, меѓу кои и Шејк 5 со 2.400 вати моќност.
Преносливиот безжичен звучник СРС-БТС50 може да се поврзе со уреди како што се смартфони и таблети преку блутут и НФЦ технологија, а е отпорен на вода. Звучникот има вградена батерија што со едно полнење овозможува до 10 часа работа.
Саундбар звучниците ХТ-СТ7 со 7.1 канал и 450 вати, како и ХТ-СТ3 со 4.1 канал и 180 вати се наменети за дневната соба, а исто така, овозможуваат поврзување преку блутут технологија со различни уреди. Карактеристични се по тенкиот дизајн со голем број мали звучници што создаваат сараунд звук.
За љубителите на гласна музика тука е Сони Шејк 5, што нуди 2.400 вати моќност. Шејк 5, исто така, поддржува поврзување преку блутут или НФЦ, а има и ЛЕД светла за создавање светлосни ефекти во согласност со музиката.