Вистинската драма се одвива на подрачјето на Рудо, каде што се „заробени“ припадници на правосудната полиција на Република Српска.
Како што дознава Српскаинфо, во тек се планови за нивно ослободување.
Како што неофицијално дознаваат медиумите, се започнало утрово кога по наредба на Основниот суд во Вишеград, припадници на правосудната полиција дошле да го приведат сопственикот на месарницата.
Откако пристигнале, сопственикот почнал да се заканува со оружје и се заклучил во месарницата, а на судските службеници им рекол дека во оградата има струја, па поради заканите не можат да излезат.
– Целата ограда е под напон – изјавил газдата.
Сопственикот успеал да побегне преку заден излез од објектот и стигнал во судот во Вишеград, каде веднаш бил уапсен.
„Во меѓувреме е контактирана Жандармеријата од Фоча и тие се на лице место. Во месарницата се уште има работници кои одбиваат да ги пуштат судските полицајци. Затоа во моментов се прави план за нивно ослободување“, објасни соговорникот на Српскаинфо.
Директорот на правосудната полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за Српскаинфо потврди дека прават се за што поскоро да заврши оваа заложничка криза.