Руското Министерство за одбрана објави видео од, како што велат, нападот на украинските сили со помош на чамци камикази на руски извидувачки брод во Црното Море.
⚡️#BREAKING The Russian MoD publish footage of them repelling the kamikaze boat attack on the Priazovie https://t.co/efLjGgQEVg pic.twitter.com/jLi1EISzGg
— War Monitor (@WarMonitors) June 11, 2023
Русите велат дека Украинците го нападнале нивниот брод „Азовско море“ со шест пловила камикази. Станува збор за беспилотни бродови на далечинско управување кои носат експлозиви.
Според руското Министерство за одбрана, сите украински бродови биле уништени со оружје од „Азовското море“ на 300 километри југоисточно од Севастопол. За време на нападот нема жртви или оштетувања на бродот.