Во белградската населба Врачар се случила сообраќајка помеѓу моторцикл управуван од актерот Сергеј Трифуновиќ и автомобил.
Во несреќата нема повредени, но причинета е материјална штета.
Трифуновиќ не одговара за сообраќајката, но било утврдено дека нема А категорија, како и дека бил позитивен на кокаин и канабис.
Потоа поради дрога бил приведен во времетраење од 12 часа.
Сообраќајниот инцидент се случил на 28.5. околу 19.40 часот.