Политички земјотрес во Америка: Трамп се соочува со доживотен затвор, обвинет e за заговор, во вторник ќе биде уапсен

Од:

Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, беше обвинет за незаконско ракување со доверливи документи откако ја напушти Белата куќа, јавува Би-Би-Си.

Обвинителството го гони Трамп (76) по вкупно 7 обвиненија, а обвинението се уште не е достапно за јавноста.

Ова е првпат да се покрене федерален случај против поранешен претседател.

Трамп, да потсетиме, веќе е во кампања за реизбор на функцијата претседател на САД во 2024 година.

Како одговор на веста, Трамп на социјалната мрежа „Вистина“ објави дека е невин и во вторник треба да се појави пред федералниот суд во Мајами, каде што ќе биде уапсен и ќе ги прочита обвиненијата против него.

– Не мислев дека е можно вакви работи да му се случат на поранешниот претседател на САД – напиша Трамп.

– Ова е навистина црн ден за САД. Ние сме земја во сериозен и брз пад, но заедно ќе ја направиме Америка повторно голема – додаде тој.

Џим Трасти, адвокатот на Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека поранешниот претседател добил детали од обвинението и дека е обвинет за „заговор“, давање лажни изјави, попречување на владини службеници и незаконско поседување доверливи документи, според Законот за шпионажа.

Од Министерството за одбрана не се изјаснија за овој случај, а обвинението не беше објавено.

Тајната служба веќе подготвува план за доведување на Трамп во судницата во Мајами, јавува Би-Би-Си.

Да потсетиме, минатата година куќата на Трамп во Мар-а-Лаго беше цел на претрес на ФБИ, при што беа запленети околу 11.000 документи, меѓу кои околу 100 беа означени како „класифицирани“, а некои со ознака „строго доверливо“.

Спротивно на американскиот закон е владините службеници, вклучително и претседателот, да чуваат доверливи документи на локација што не е одредена за таа цел.

Правните експерти тврдат дека ниту ова ново обвинение нема да влијае на правото на Трамп да се кандидира за претседател.

– Може да биде обвинет онолку пати колку што сакате, но тоа не влијае на неговото право да се кандидира – изјави Дејвид Сапер, професор на Универзитетот Џорџтаун.

Инаку, Трамп во моментов според анкетите на јавното мислење е најсилниот кандидат на републиканците во трката за кандидатурата за Белата куќа.

Претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, рече дека е „неразумно“ претседателот да го обвинува водечкиот кандидат на опозицијата.

– Републиканците во Конгресот ќе ги повикаат на одговорност одговорните за оваа злоупотреба на власта – напиша тој на Твитер.

Најголемиот ривал на Трамп меѓу републиканците, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, изјави дека „веќе четири години сме сведоци на нерамномерна примена на законот, во зависност од политичкото убедување“.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Трамп: Зеленски посакува победа на демократите на претседателските избори во Америка