Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката Елизабет Џин Керол

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.

Адвокатите на Трамп пред федералниот суд на Менхетен изјавија дека делот од обештетувањето од два милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е „претерано“ бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква психичка повреда, пренесе Асошиетед прес.

Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е „заснована на чиста шпекулација“.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Трамп: Зеленски посакува победа на демократите на претседателските избори во Америка