Победи за Грабул и Ѓорческа, пораз на Мицов

Од:

Двајца тенисери и една тенисерка од Македонија денеска одиграа мечеви на фјучрс турнирите.
Најдобро рангираниот Македонец, Димитар Грабул успеа да победи во 1.коло на турнирот во Суботица. Тој со пресврт стигна до триумф против Лука Илиќ од Србија со 2:1 – во сетови 2:6; 3:6 и 6:4.

Во следното коло Грабул за противник го Иван Шабанов од Хрватска.

Победа во мечот 1.коло оствари и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во Врњачка бања ја победи Дајана Дукиќ од Србија со 6:3 и 6:0 по сетови.

Следна противничка на Ѓорческа ќе биде поуспешната од мечот Нина Ашанин – Ива Ивковиќ (двете се од Србија).

Единствено пораз доживеа Стефан Мицов во рамки на 2.коло од турнирот во Филипида, Грција. Тој загуби од домашниот тенисер (4.носител) Маркос Каловелонис со 6:3 во двата сета.
За пласманот во второто коло Мицов ќе освои еден АТП поен.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен