Богата девојка уби полицаец, но нема да оди во затвор: Судот ја осуди на парична казна

Од:

Јасмин Хартин, богаташка од Канада и поранешен партнер на Ендрју Ешкрофт, син на британски милијардер, беше обвинета дека случајно пукала во началникот на полицијата во Белизе, но таа нема да оди во затвор.

Наместо да оди зад решетки, Хартин само ќе плати казна од 30.000 фунти и ќе заврши 300 часа општествено корисна работа. Покрај тоа, тaa мора да сними видео предупредување за опасностите од пијанство и неправилно ракување со огненото оружје.

Хартин (34) се изјасни за виновнa за убиството од небрежност на полицаецот Хенри Џемот (42), што се случи на крајот на мај 2021 година. Џемот починал откако се здобил со прострелна рана во главата.

Во текот на истрагата, откриено е дека Хартин и Џемот, кои биле пријатели, ноќта на неговата смрт биле на заедничка забава на островот Амбергрис Кеј. Според полицискиот извештај, тие пешачеле по плажата пред да завршат на пристаништето, каде Џемот и дал пиштол да го остави на страна.

Хартин им кажала на инспекторите дека била пијана додека го држела пиштолот и тој случајно испукал куршум. Полицијата ја пронашла Хартин во близина на пристаништето облеана во крв и вознемирена, а убиеното тело е пронајдено во морето.

Според кривичниот закон во Белизе, максималната затворска казна за убиство од небрежност е пет години. Додека беше на слобода и го чекаше крајот на судењето, Хартин даде неколку интервјуа и се појави во документарниот филм „Еден куршум во Белизе“.

Би можело да ве интересира

Бренсон ќе ја истражува Голема сина дупка во Белизе

Наум Локоски

(ВИДЕО) Белизе бенд: Не се срами, не се плаши, супер апаш да си

Ана Ололовска