Јапонското архитектонско студио „Хидео Кумаки“ смисли оригинален детал при проекцијата на куќата „Греен Скрин“ во градот Саитама.
Станува збор за издигнување на накосено живо зеленило над терасата, што овозможува совршено интегрирање на оваа куќа со површина од 130 метри квадратни, во околниот природен амбиент.
Според архителтите „зелениот ѕид“ придонесува за намалување на темепратурата зад него за над 10 степени Целзиусови, што претставува импресивен податок. Ова овозможува струење на свеж воздух во внатрешноста на куќата, со што се одржува пристојна темперура и во текот на жешките денови.
Дизајнот на ентериерот е под влијание на кривите линии на целиот објект, а неговиот мининамлистички аранжман е дополнет со палета на весели бои, што ја прави куќата динамично и привлечно место за живеење.