Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека од пребројани 75,42 отсто од гласовите, Ердоган освоил 53,41 отсто, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има освоено 46,59 отсто од гласовите.
Ова е првата официјална изјава од Врховната изборна комисија која вели дека Ердоган е во водство по затворањето на гласачките места во 18 часот по локално време.