(ВИДЕО) Хаос во Русија, напади со дронови, експлозии, луѓе кои бегаат… Гувернерот на Белгород: Не се враќајте

Од:

Гувернерот на руската област Белгород утринава изјави дека во регионот е во тек „антитерористичка операција“ и дека Министерството за одбрана и безбедносните служби се уште ја „чистат“ територијата на границата со Украина. „Во врска со ситуацијата во областа Грајворон: чистењето на територијата што го спроведува Министерството за одбрана со безбедносните служби сè уште трае“, рече гувернерот Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа „Телеграм“.

„Апелирам до граѓаните на областа Грајворон, кои привремено ги напуштија своите домови: враќањето сè уште не е можно“, додаде тој. Гладков рече дека една жена била убиена за време на евакуацијата во понеделникот, а две лица наводно биле ранети, но руските безбедносни сили не можеле да дојдат до нив.

Гувернерот објави дека Белгород во текот на ноќта бил нападнат со беспилотни летала. Во серијата објави на Телеграм доцна вчера и рано утринава, Гладков рече дека две куќи биле погодени со беспилотни летала во градот Грајворон – местото на претходниот напад за кој одговорноста ја презедоа проукраинските руски доброволци.

„Куќите се запалија откако експлозивните направи беа фрлени од беспилотното летало“, рече Гладков. Тој додаде дека во два одвоени напади од дронови биле фрлени експлозивни направи врз управната зграда и куќа во селото Борисовка. Тој рече дека нема пријавени жртви во ниту еден инцидент со дронови.

Засега никој не ја презеде одговорноста за наводните напади со беспилотни летала. Претходно вчера Гладков изјави дека повеќето жители на Грајворон биле евакуирани од градот, откако осум лица биле повредени во напад на „диверзантска група“ поврзана со украинската војска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил информиран и дека се работи на протерување на „саботерите“, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.

Синоќа во Белгород одекна силна експлозија, а наводно е оштетена и канцеларијата на руската Федерална служба за безбедност.

Руските власти итно го евакуираа складиштето за нуклеарна муниција Белгород-22 во регионот Белгород, кој граничи со Украина, изјави портпаролот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ГУР) Андриј Јусов.

„Итно се евакуира и објектот Белгород-22 – складиште за нуклеарна муниција. Не е далеку од Грајворон“, рече Јусов. Тој нагласи дека на тоа место се складира дел од руската нуклеарна муниција.

Руските безбедносни сили се судрија со партизаните на најмалку три локации во Белгород, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Помеѓу 19 и 22 мај 2023 година, руските безбедносни сили најверојатно се судрија со партизаните на најмалку три локации во руската Белгородска област, во близина на украинската граница. Идентитетот на партизаните останува непотврден, но руските антирежимски групи ја презедоа одговорноста“, објавија тие.

За потсетување, вчера избувнаа борби долж руската граница со Украина, откако самопрогласените руски партизански сили извршија прекуграничен напад и тврдеа дека за време на војната за првпат освоиле погранично село.

Легијата на слободата на Русија, која се опишува себеси како милиција против Кремљ која сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин, тврди дека ја преминала границата и го освоила селото Козинка и ги испратила своите војници во градот Грајворон во руската област Белгород.

На видеото од нападот, наводно од граничниот контролен пункт во Грајворон, се прикажани жртви, вклучително и руски офицер како лежи со лицето надолу во локва крв покрај руските пасоши и другите документи расфрлани на земја. На видеото се гледаат и оклопните возила кои го освоија граничниот пункт.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски