Најмалку три лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови во разорните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија властите, а се стравува дека ќе има уште пострашни ситуации.
„Врнежите не престануваат, ќе продолжат и следните неколку часа“, изјави Тити Постиљоне, заменик-шеф на штабот за цивилна заштита, за новинскиот канал SkyTG24. „Се соочуваме со многу, многу комплицирана ситуација“, додаде тој.
Претставниците на Емилија Ромања соопштија дека три тела се пронајдени во градовите Форли, Чезена и Чезенатико, додека три лица се водат како исчезнати.
Bologna stamane. Mai vista una cosa così.#EmiliaRomagna pic.twitter.com/KL8mTBtxTK
— Fabio 🏳️🌈 (@Iperbole_) May 17, 2023
Четиринаесет реки се излеаа од коритата во регионот. Жителите во градовите, вклучително и Чезена, мораа да се качат на покривите на зградите од кои пожарникарите ги спасуваа со хеликоптери или гумени чамци. „Не приоѓајте до реките. Оние кои живеат во области блиску до водотеците треба да одат на повисоките катови“, објави регионалниот шеф Стефано Боначини на Фејсбук.
Блокирани се бројни патишта и железнички линии, а градоначалниците на неколку градови, вклучително и Болоња, ги повикаа жителите да не ги напуштаат своите домови.
Силно погоден е и северниот град Равена, блиску до јадранскиот брег. „Ова е веројатно најлошата ноќ во историјата на Ромања“, изјави градоначалникот на Равена Микеле де Паскале. Само од Равена во текот на ноќта се евакуирани 5.000 луѓе, рече тој.
Bologna stamane. Mai vista una cosa così.#EmiliaRomagna pic.twitter.com/KL8mTBtxTK
— Fabio 🏳️🌈 (@Iperbole_) May 17, 2023
Италијанскиот премиер Џорџија Мелони напиша на Твитер дека владата е подготвена да пружи помош. Емилија Ромања по втор пат овој месец беше погодена од лошо време. Најмалку две лица загинаа во невремето на почетокот на мај.
Поројните дождови следеа по неколкумесечна суша што ја намали способноста на земјата да апсорбира вода и го зголеми разорното влијание на поплавите, велат метеоролозите.