Ѕвездата на „Prison Break“ Вентворт Милер се обидел да изврши самоубиство како тинејџер, во текот на внатрешната борба со својата сексуалност.
Милер, за време на емотивниот говор на донаторската вечер на Хјуман рајтс во Сиетл Сиетл призна дека тоа се случило кога имал само 15 години.
– Моето семејство замина на викенд и бев сам во куќата. Испив шишенце со апчиња, рече Милер.
– Актерот (41) рече дека не се сеќава што точно се случило, но дека еден ден потоа се преправал дека ништо не било и заминал во училиште. Рече дека тоа бил нековиот крик за помош, но никому ништо не кажал.
Актерот зборуваше и за притисокот кој го чувствувал додека работел во хит серијата на Фокс како прикриен геј, кога не можел јавно да зборува за својата сексуалност.
– Имав безброј можности да ја кажам вистината. Јас бев јас само во приватноста со моите родители и пријателите, но професионално, на работа не бев, додаде тој.