Италијанската актерка Мoника Белучи веќе еден месец го снима филмот со режисерот Емир Кустурица „Љубов и војна“.
Филмот првобитно се снимал во Требиње каде Моника отпатувала веднаш откако слетала на аеродромот во Дубровник. Имено, филмот „Љубов и војна“ се снима на неколку локации во Србија и во Босна и Херцеговина.
Моника се смета за една од најубавите жени во светот, а приложените фотографии ја потврдуваат нејзината природна убавина.