Откриени шокантни детали за измамата во Црна Гора: Жената која украде 1,3 милиони евра работела за криминална група од регионот

Од:

Црногорската полиција не успеала да влезе во трага на измамниката кој со фалсификувана лична карта на сметкат во банка украде 230.000 евра и 1,2 милиони долари, но наводно, знаат која е, неофицијално дознава „Вијести“.

Според истите информации, инспекторите ја идентификувале измамничката и криминалната група под чии инструкции работела, а чии членови не биле од Црна Гора.

Изворот на „Вијести“ вели и дека, најверојатно, криминална екипа од соседна држава обезбедила фалсификувана лична карта во која се наведени името и презимето на сопственичката на сметката, нејзиниот датум на раѓање, матичен број.

На тој лажен документ за идентификација пишува дека е издаден на 10.10.2022 година во подружницата на Министерството за внатрешни работи во Будва.

Од Ловќен банка за „Вијеста“ одговорија дека целосно им стојат на располагање на надлежните државни органи за да се спроведе целата истрага.

За жал, не сме во можност да дадеме никакви изјави, за да не го нарушиме текот на истрагата“, објаснуваат од финансиската институција.

На 12. април се случи необична измама, а ден претходно во филијалата на таа банка во Херцег Нови влегла жена на околу четириесет години, со темна коса, изразито сини очи, висока околу 175 сантиметри, со средна градба и најавила дека ќе ги подигне парите што ги чува кај нив.

Од Полициската управа неофицијално велат дека не знаела точно колку пари има.

„Таа веќе побарала да и бидат исплатени сите пари од жиро-сметката, без да прецизира за колкава сума се работи“, пишува во полициските досиеја.

Вработениот во банката која ја извршил трансакцијата на инспекторите им објаснил и дека еден ден пред измамничката да ги подигне парите од сметката на нивната клиентка, телефонски разговарал со вистинската сопственичка на парите, за сосема поинаква трансакција.

Тој исто така рекол дека никогаш не ја видел жената во живо и ја објасни постапката за легитимирање на клиентите – со документ за лична карта, како и какво е правилото кога клиентите ќе подигнат поголема сума.

По извршените проверки, договорено е милионската заштеда да биде исплатена следниот ден, околу 15.30 часот. Измамничката првично се согласила на тоа, но малку подоцна побарала парите да и бидат исплатени рано наутро.

Исто така, таа го замолила банкарот да не ги известува нејзините родители кои имаат овластување за истите сметки за тоа што ги подигнала парите.

Според полициските досиеја, измамничката влегла во банката следниот ден – 12 април, околу 10.30 часот, облечена исто како и претходниот ден – спакувала вкупно 1.360.000 евра во црн ранец и ја напуштила експозитурата десет минути подоцна.

Дека не е сопственичка на парите било откриено на 13. април кога во банка се јавила М.О и побарала појаснување – колку има до лимитот, бидејќи очекува поголем прилив на средства од странство.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала