Франција и САД немаат потреба од вклучување на сите земји од Европската унија во евентуалната воена интервенција во Сирија, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.
Тој за тлевизијата Франс 3 ја поздрави политичката поддршка, изразена од 28-те членки на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи во ЕУ во Вилнус.
Во заедничката изјава земјите-членки соопштија дека по се изгледа оти хемискиот напад во предградието на Дамаск од 21 август е извршен од силите на режимот на претседателот Башар ал Асад.