Ѓоковиќ: Не одиграв добро против Вавринка

Од:

Новак Ѓоковиќ по победата над Станислас Вавринка, изјави дека не играл доволно добро и не го дал својот максимум, но и дека го подигнал нивото на игра кога било потребно.

„За овие месеци живееме, за нив тренираме. Вавринка се бореше до крај, одигра одличен меч. Играше агресивно, јас се обидував да се држам, да се прилагодам, морав многу да трчам“, рече Ѓоковиќ.

„Не играв толку добро колку што сакав, но секоја чест за тоа што беше агресивен. Мило ми е што кога беше потребно играв најдобро.

– Публиката беше фантастична, секој меч го прави посебен. Ова беше дежа ви на Австралија опен. Не сум задоволен како одиграв, на мислам дека мојата игра се уште е тука“, дополни Новак по трилер-мечот против Вавринка.

Негов ривал во финалето ќе биде Рафаел Надал, кој има добиено 21 од претходните 36 меѓусебни дуели, а оваа година нема изгубено на тврда подлога ниту од еден тенисер од Топ 10.

„Кога го освои во 2010-та година, игравме во финалето и мислам дека играше исклучително добро, добр сервираше. Сега можеби не сервира толку силно, но многу добро го пласира сервисот и го користи бидејќи знае дека има многу силен втор удар.

– Мислам дека е многу добар во ритернот, што ме изненади во Монтреал кога игравме. И самиот изјави дека кога игра против мене на тврда подлога, треба да биде поагресивен и дека тоа му е тактиката. Тоа и го очекувам од него“, рече Новак.

 

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен