Убиецот на „шкаљарците“ е донесен во судница со панцир

Од:

Осум месеци по неговото апсење, денеска започна судењето на 29-годишниот Душко Танасковиќ од Крагуевац, кој беше обвинет за убиство на 39-годишниот граѓанин на Црна Гора, Горан Влаовиќ.

„Јас не сум виновен!“, изјави Танасковиќ откако судијката Ана Бркиќ му ја покажа снимката од убиството за кое се товари, пренесува Задарски.хр.

На Танасковиќ му се суди за убиство, за кое му се заканува казна затвор од пет до 20 години. Доказот пред судот е токму шокантната снимка од егзекуцијата за која е обвинет Танасковиќ.

Поради неговото доаѓање во Жупанискиот суд, безбедносните мерки беа подигнати на највисоко ниво. Танасковиќ носеше панцир во судницата, како и двајца припадници на правосудната полиција кои го придружуваа.

Да потсетиме, „џелатот“ го најде Горан Влаовиќ по забава во клуб на островот Паг. Му пријде на Влаовиќ одзади и ладнокрвно го застрелал во вратот со пиштол.

Потоа по пукањето се појави видео на кое се гледа како Влаовиќ како лежи на подот, додека двајца мажи се обидуваат да му помогнат. Додека едниот се обидува да го реанимира, другиот ја покрива раната со рацете обидувајќи се да го запре крварењето.

Би можело да ве интересира

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Српски криминалец убиен во Бразил пред сопругата и детето

Убиениот водач на Шкаљарците набавил пасош на Косово, илегално влегол во Турција благодарение на операција на лицето

А1он

Кој му дал македонски пасош на убиениот лидер на „Шкаљарите“?

Горан Наумовски