Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори.
„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за прв европски претседател во историјата на Црна Гора! Мисијата е завршена. Црна Гора има светла иднина“, напиша Абазовиќ на социјалните мрежи.
Тој рече дека заедно ќе работат за европска, граѓанска и еколошка држава.