Ришар Гаске е познат како тенисер кој поседува елегантен стил на игра и грациозен бекхен.
Во дуелот со Давид Ферер, во четвртфиналето на US Open, Французинот изведе потег каков што ретко се гледа. Тој излезе на мрежата и зададе бекхенд волеј, по кој Ферер немаше никаква шанса да го продолжи поенот.
Гаске го победи Ферер со 3:2 во сетови и по шест години се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир.
Противник ќе му биде Рафаел Надал.