Административниот совет на канадскиот производител на мобилни телефоби „Блекбери“ најави дека очекува забрзана аукциска процедура, така што оваа компанија би можела да биде продадена уште во ноември оваа година.
Специјална комисија веќе ја формирала листата на кандидати за купување на „Блекбери“.
Според весникот „Волстрит џурнал“, купувањето на телефоните на „Нокиа“ од страна на „Мајкрософт“ го охрабри „Блекбери“, кој се наоѓа далеку зад „Епл“ и „Самсунг“ на пазарот на смартфоните, така што и во оваа компанија очекуваат дека ќе се најде купувач кој ќе ги задоволи барањата.
Раководството на „Блекбери“, чие официјално име е RIM, засега се уште не се огласило во врска со продажбата.