Маскирани „вагнеровци“ регрутираат во училишта во Москва тврдат разузнавачите

Од:

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето разузнавање за војната во Украина. Во него тие потсетуваат како руските власти и забранија на озлогласената руска платеничка група Вагнер да регрутира во затворите поради тензиите со военото раководство во Москва. Додаваат дека пред тоа Вагнер регрутирал голем број осуденици од руските затвори и ги пратил на фронтот во Украина.

Британското воено разузнавање известува дека основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега многу веројатно се префрлил на обидот да регрутира слободни руски граѓани. Така, Вагнер формираше центри за регрутирање во спортски центри на најмалку 40 локации низ Русија од почетокот на март, се вели во извештајот.

„Во текот на изминатите неколку дена, маскирани Вагнерци задолжени за регрутирање одржаа предавања за кариера во московските средни училишта и дистрибуираа прашалници со наслов „апликација за млад воин“ за да соберат информации за контакт од заинтересирани ученици“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Во извештајот се наведува и дека околу половина од осудените испратени во Украина најверојатно биле убиени или ранети. „Новите иницијативи веројатно нема да ги компензираат загубите на осудените во редовите на Вагнер“, се вели во извештајот.

„Доколку се задржи забраната за регрутирање затвореници, Пригожин најверојатно ќе биде принуден да го намали интензитетот на операциите на Вагнер во Украина“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп