Фабриката ЛГ во новата реклама повторно се одлучи за скриена камера. По местенката во лифтот, на ред дојде крајот на светот.
Идејата била да се замени прозорецот со телевизор на ЛГ со висока резолуција, на кој е прикажана снимка од градот.
Кандидатите за работа мирно седат и одговараат на прашањата, а во еден момент собата почнува да се тресе и почнува „вистинска катастрофа“.
Градот исчезнува во пламен, а реакциите на кандидатите се неописливи.
Видеото е објавено на страницата на компанијата на Јутјуб, а за само неколку денови има околу еден и пол милион пргледувања и илјадници споделувања.