ВИДЕО: Роџер Вотерс повторно го снима албумот на Пинк Флојд

Од:

Роџер Вотерс, како што е познато, повторно го снима легендарниот албум на Пинк Флојд „The Dark Side Of The Moon“, кој на 1 март ја одбележа 50-годишнината.

Музичарот ги разгали обожавателите споделувајќи клип од 52 секунди на YouTube, на кој се гледа како во студио го слуша првиот стих од преработената песна „Me And Them“. Вотерс видео материјалот го придружи со долга изјава во описот, признавајќи дека „тоа не е замена за оригиналот, кој, очигледно, е незаменлив“.

„Кога ги снимавме соголените песни за Lockdown Sessions, на хоризонтот се наѕираше 50-годишнината од „Темната страна на Месечината“. Ми текна дека „Темната страна на Месечината“ може да биде соодветен кандидат за слична преработка. Делумно како трибјут оригинално парче, но и како повторно обраќање на политичката и емотивната порака на целиот албум. Разговарав за тоа со Гас и Шон, и кога престанавме да се кикотиме и да викаме еден на друг, решивме да го направиме тоа“, напиша Вотерс и додаде:

“Сега сме во процес на завршување на последниот микс. Испадна навистина одлично и возбуден сум што сите ќе го слушнат. Тоа не е замена за оригиналот, зашто очигледно е незаменливо. Но, тоа е начин за седумдесетдеветгодишник да погледне наназад педесет години во очите на дваесет и деветгодишник и да каже, да цитирам една од моите песни за татко ми: Дадовме се од себе, ја задржавме неговата доверба, татко ни ќе биде горд на нас. И тоа е и начин да се оддаде почит на снимката на која Ник, Рик и Дејв и јас имаме целосно право да бидеме многу горди“, рече музичарот.

Би можело да ве интересира

Роџер Вотерс го најави римејкот на албумот „Dark side of the moon“ на Пинк Флојд