Балканскиот институт за вера и култура организира серија предавања насловени „Биднина“

Од:

Во организација на Балканскиот институт за вера и култура вечер започнува серија јавни предавања под името „Биднина“. Од институтот информираат дека идејата и целта на оваа серија е во контекст на геополитичката и воената криза од светски размери.

– Имајќи ја предвид тековната состојба во светот, еден свет е на заминување, а новиот сѐ уште не пристигнал, и како таа влијае врз Македонија и врз регионот, БИВК остварува соработка со предавачи од разни академски и професионални сфери. Соодветно со нивното релевантно лично и професионално искуство, предавачите на научен, на креативен и на оригинален начин ќе понудат свои видувања и толкувања на оваа состојба, информираат од БИВК.

Првото предавање ќе го одржи Олимпија Христова-Заевска докторанд по меѓународен бизнис на Школата за бизнис од Копенхаген и основач на консултантска компанија и ќе говори на темата „Како да се биде општествено одговорна компанија со трансформативно и позитивно влијание?“.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот