Forbes ја објави листата на телевизиски актерки кои оствариле најголема заработка во текот на годината.
Веќе втора година по ред, ѕвездата на Modern Family Софија Вергара, се наоѓа на врвот.
Според објавените бројки, Вергара заработила 30 милиони долари во текот на изминативе 12 месеци, најмногу благодарение на зголемениот хонорар кој го добива за улогата во серијата, а тука се надоврзуваат и хонорарите кои ги добива од рекламите меѓу кои се издвојува Pepsi.
Така, на втората, односно третата позиција со речиси идентична заработка од по 11 милиони долари се наоѓаат Маришка Харгитеј и ѕвездата на серијата „The Big Bang Theory“, Кајли Куко.