На Интернационалниот аеродром во Лос Анџелес папараците направија фотографија од Анџелина Џоли со својата фамилија како минува за да го фати својот лет.
Триесет и осумгодишната убавица изгледаше елегантно и додека ги водеше своите близнаци, Нокс и Вивиен (5), кон терминалот, додека Захара (8), Пекс (10), Шајло (7) и Медокс (12), послушно ја следеа својата мајка.
Најавено е дека Џоли заминала со својата фамилија во Австралија, каде што ќе го режира нејзиниот нов филм “Unbroken”. Се претпоставува дека “австралиската авантура” на Џоли-Пит семејството ќе трае три месеци.
Имено, филмот “Unbroken” ќе ја раскажува приказната за Олимписката ѕвезда и воен херој Луи Замперини, кој преживеал 47 денови без храна и вода кога неговиот воен авион се урнал во Пацификот во 1943 година.
Тој успеал да преживее напади од ајкули и воени напади и глад пред да биде фатен од јапонската војска и да биде испратен во воен камп.