Yahoo денеска го објави своето ново лого, кое е израз на промените што во изминатиот период се случија во американскиот интернет-гигант.
Откако го менуваше своето лого секој ден во изминатиот месец, изборот падна на лого со потенок фонт, но ја задржа препознатливата виолетова боја и извичникот.
Годинава низа големи технолошки компании ги променија своите логоа – „Моторола“, „Ибеј“, „Мајкрософт“ и „Јутјуб“.