Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала

Од:

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер вечерва го погоди централниот турски регион, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) за нов потрес по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 46.000 луѓе во Турција и соседна Сирија, но три лица денеска за чудо се спасени, по речиси 300 часа под урнатините.

Повеќе од 5.700 последователни потреси беа регистрирани по првиот разурнувачки земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и соседна Сирија на 6 февруари, изјави директорот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер.

Бројот на смртни случаи во Турција се искачи на 40.642, а во соседна Сирија со денови има извештаи за повеќе од 5.800 смртни случаи, со што бројот на жртви се искачи на речиси 46.500.

Земјотресот вечерва се случи на длабочина од десет километри, соопшти EMSC во областа Кахраманмарас, турскиот регион кој исто така беше погоден од првите земјотреси. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5 степени, а засега нема извештаи за повредени или нови штети, пренесе Ројтерс.

Околу 13.000 спасувачи сè уште ги продолжуваат напорите за пребарување и спасување во најтешко погодените провинции Хатај и Кахраманмараш, рече Сезер, најавувајќи дека мисијата треба да заврши доцна утре.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски