(ВИДЕО) Да не дадеше гол во 97-ма, веројатно ќе беше жив: Атсу требаше да ја напушти Турција по мечот

Од:

Безживотното тело на фудбалерот Кристијан Атсу, е пронајдено под урнатините во Хатај, 12 дена по разорниот земјотрес во овој дел на Турција.

Напаѓачот од Гана на крајот не успеа да се извлече, иако во еден момент се чинеше дека е пронајден жив, а несомнено е дека неговата трагична смрт ќе остане запаметена и по тоа што „интервенирала судбината“.

Имено, Атсу на само неколку часа пред земјотресот требало да ја напушти Турција и да замине за Франција, имал лет во 23 часот, но поради голот во 97. минута решил да остане.

Многу фанови на Хатајспор ќе го паметат по тој гол против Касимпаша и неизмерната среќа на него и неговите соиграчи, а административниот менаџер Фатих Илек пред неколку дена откри:

Имаше авионски билет, но Атсу се откажа од заминувањето во Франција бидејќи играше добро и постигна гол. По воодушевувањето што го доживеа, рече: „Нема да одам, ќе останам овде“. На својот најсреќен ден го погоди земјотрес. Имаше лет во 23 часот, од Истанбул ќе патуваше за Франција. Тој се откажа и се случи трагедија.

Атсу разговарал со тренерот Волкан Демирел само неколку дена пред тој натпревар и побарал од него да го напушти клубот доколку најде нешто. Доби „зелено светло“, но тој „прст на судбината“ на крајот интервенираше.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски