(ВИДЕО) Уште едно чудесно спасување во Турција: Маж извлечен жив по 278 часа

Од:

45-годишен маж беше спасен од урнатините во турската провинција Хатај денеска, повеќе од 278 часа по првичниот потрес што ги погоди јужните провинции во земјата.

Хакан Јасиноглу беше пронајден од тимовите за пребарување и спасување жив под урнатините во областа Дефне, во уште едно чудесно спасување 11 дена по двојниот земјотрес што го потресе регионот.

Веднаш бил пренесен во најблиската болница.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари во јужна Турција погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции.

Досега во Турција загинаа над 38.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски