Самсунг синоќа официјално го претстави најновиот уред Галакси Ноут 3 во Берлин.
Ноут 3 располага со Супер АМОЛЕД екран од 5,7 инчи и оперативен систем Андроид 4.3. Достапни се два модели на процесор од 2,3 Гигахерци квад-кор Снапдрагон 800 и ЛТЕ модел со 1,9 Гигахерци окта-кор за 3Г верзија.
Самсунг Ноут 3 поседува 3 ГБ РАМ и 32/64 ГБ внатрешна меморија. Опремен е со камера од 13 мегапиксели што може да снима ХД видео со резолуција од 1080 пиксели.
Бетеријата е со капацитет од 3.200 мили Ампер часа.
Уредот се очекува да се најде во продажба по 25 септември.