ВИДЕО: Илјадници луѓе сакаат да го посвојат спасеното бебе кое се роди под урнатините во Сирија

Од:

Илјадници луѓе се понудиле да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на зграда во северозападна Сирија по земјотресот во понеделникот, пишува Би-би-си.

Кога била спасена, малото девојче Аја – на арапски „чудо“ – сè уште била поврзана за нејзината мајка со папочната врвца.

Нејзината мајка, татко, три сестри и брат ги загубија животите во земјотресот што го погоди градот Џиндаирису.

Аја сега е во болница.

„Таа пристигна во понеделникот во многу тешка состојба, имаше испакнатини, модринки, беше студена и едвај дишеше“, изјави Хани Маруф, педијатарот кој се грижеше за неа. „Да не ја пронајдоа на време, таа ќе умреше за еден час“, додаде тој.

Аја сега е во стабилна состојба.

Видеата од спасувањето на Аја станаа вирални на социјалните мрежи. На снимката може да се види маж како истрчува од урнатините на зградата, носејќи бебе покриено со прашина.

Спасувачите веднаш го завиткале детето бидејќи температурата била околу нула и го пренеле во болница во блискиот Африн.

Илјадници луѓе на социјалните мрежи бараа детали за да го посвојат девојчето.

Семејството на новороденчето биле бегалци од нестабилната сириска провинција Деир ал-Зур, во источна Сирија.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски