Оскаровецот Џек Николсон „ќе замине во пензија“ и повеќе нема да снима филмови, затоа што има проблеми со помнењето на дијалозите, тврди интернет сајтот „Радар Онлајн“.
Неименуван извор за сајтот изјавил дека Николсон „се повлекува во мир и тишина“.
– Постои едноставна причина за тоа – проблеми со помнењето. Тоа повеќе не му е како што беше некогаш, додал истиот извор.
Последен филм што го сними Николсон беше „Како знаеш“ со Риз Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон во 2010 година.
Николсон има 12 оскаровски номинации, а доби два Оскари за главна машка улога во филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Најдобро про може“, како и за споредна машка улога за „Време на нежност“.