Конвојот со прва помош пристигна во северозападна Сирија, изјави за агенцијата Франс прес официјален претставник на граничниот премин Баб ал Хава.
Дописникот на АФП јави дека видел шест камиони кои минуваат низ преминот од Турција, носејќи шатори и средства за хигиена. Граничниот службеник Мазен Алуш рече дека испораката се очекувала пред земјотресот во понеделникот.