Сириски бегалец загуби 25 роднини во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија. Неговото семејство го напуштило родниот град пред земјотресот за да избега од војната и да најде безбедно засолниште.
Амхад Идрис вчера ја посети мртовечницата и ги виде телата на членовите на неговото семејство. „Срцето ми се кине. Не мислев дека вакво нешто може да се случи“, вели држејќи го за рака својот починат внук.
Идрис и неговото семејство ја напуштиле својата татковина во 2012 година за да најдат засолниште во Саракиб, кој сириската армија го врати во 2020 година.
„Ги загубив ќерка ми, двајцата внуци, семејството на сопругата … Зборуваме за вкупно околу 25 луѓе. Бегавме од војната. Погледнете каква неправда не прогонува и што ни се случи. Овде баравме безбедно засолниште за нас и нашите деца. На крајот судбината не најде овде“, рече Идрис, пренесе Скај њуз.
Вкупно повеќе од 16.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи. Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.