ВИДЕО: Радост, солзи и еуфорија кај спасувачите откако цело семејство е извлечено од урнатините во Сирија

Од:

Борбата за опстанок се уште трае во Сирија и Турција по страшниот земјотрес што ги погоди областите во понеделникот рано наутро. Спасувачите извлекуваат преживеани, а речиси секое спасување е прогласено за чудо бидејќи многумина преживеале со часови и часови под урнатините на ниски температури.

Утрово беше објавено дека загинале околу 16.000 луѓе, а над 50.000 се повредени. Се стравува дека овие бројки ќе бидат уште поголеми.

ABC NEWS објави видео кое ја прикажува радоста кај спасувачите откако цело семејство беше спасено во провинцијата Идлиб, Сирија. Од урнатините се извлечени две девојчиња, момче и мајка и татко.

Едно од преживеаните е четиригодишното девојче Бејз, кое е во добра здравствена состојба по се што поминала.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски