Хамдула Ливаоглу, сеизмолог од Универзитетот Коџаели во Турција, вчера рано наутро го снимил звукот на силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
„Човечкото уво не може да слушне фреквенции пониски од 20 Hz. Фреквенциите на сигналите за земјотрес се исто така обично помали од 20 Hz. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на бендовите на сигналот за земјотресот што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од земање примероци. Така фреквентната содржина е подигната до прагови што може да ги слушне човечкото уво“, објасни тој.
7,7 büyüklüğündeki depremin sesi#Kahramanmaraş Pazarcık'ta meydana gelen 7,7 büyüklüğünde depremin sesi ortaya çıktı #deprem https://t.co/EwTv4SIyZD pic.twitter.com/uuyivEBmZh
— Habertürk (@Haberturk) February 6, 2023
Турскиот геофизички инженер Овѓун Ахмет Ерџан објави дека јачината на земјотресот што се случи во Кахраманмараш изнесува 130 атомски бомби.
„Земјотресот беше со јачина од 7,7 степени и јачина од приближно 130 атомски бомби, траеше 43 секунди“, објави тој, според Хуриет.