Голем земјотрес ја погоди Турција и однесе илјадници животи, а конечниот биланс се уште не е познат бидејќи се уште трае потрагата по исчезнатите под урнатините.
Некои ја искористија трагедијата за да заработат од најтешката несреќа, а тоа го откри фудбалерот на Лестер и турска фудбалска ѕвезда Чаглар Сојунчу.
„Читаме и гледаме дека некои неморални луѓе кои немаат зрно човечност се обидуваат да ограбат и да продадат ќебиња по пет пати поскапа додека земјата е во жалост, а луѓето се уште се обидуваат да си ги спасат животите под урнатините. Не смеат да останат неказнети, не смееме да ги оставиме сами“, напиша Сојунчу.
Турција најпрвин беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала на југот од земјата во близина на границата со Сирија, а потоа тлото се стресе во Истанбул и во други делови на земјата.
Многу спортисти се најдоа во опасност, па познатиот фудбалер Кристијан Ацу дури во вторникот наутро беше изваден од под урнатините, додека спортскиот директор на Хатајаспор Танер Савут се уште е во животна опасност.