„Панкот не е мртов“ вечер на филмскиот фестивал Нанси-Лорен во Франција

Од:

На 19. Меѓународен филмски фестивал во Нанси вечерва ќе биде прикажан филмот  „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски, јави дописникот на МИА од Париз.

„Панкот не е мртов“ ќе биде прикажан под отворено небо во главната ревијална селекција на фестивалот. На соопштувањето на лауреатите од  селекцијата на документарни филмови в сабота вон кокуренција ќе биде прикажан и „Мајки“ на Милчо Манчевски.  Тоа е втор филм на Манчевски што ќе има проекција на фестивалот во Нанси, по прикажувањето на „Пред дождот“ пред две години.

За „Панкот не е мртов“ и за „Мајки“ ова ќе биде прво официјално прикажување во Франција, така што организаторите на фестивалот се погрижија и за преводот на филмовите на француски јазик.

На фестивалот беше прикажана и копрудукцијата  „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ. Интересно е што македонскиот актер Тони Михајловски се појавува во два филма на фестивалот во Нанси, игра една од главните улоги во  „Панкот не е мртов“ и во „Парада“.

Покрај прикажувањето на двата македонски филма, музиката за видеоспотот на фестивалот во Нанси е на Кирил Џајковски.

Фестивалот Нанси-Лорен се одржува од 30 август до 7 септември. Повеќе информации има на неговата ВЕБ – Страница.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ