Папата Франциско повика на масовен одзив на молитвата за мир во Сирија

Од:

Папата Франциско денеска повика на масовен одзив на молитвата за мир во Сирија, што ќе се одржи во сабота во Рим и им се заблагодари на верниците од целиот свет, како и на атеистите што ја поддржа оваа манифестација.

– Нека плачот за мир одекне низ целиот свет, изјави папата пред десетиците илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар.

Мирот почнува во нашите срца, додаде поглаварот на Римокатоличката црква.

Обраќајќи се кон групата верници од Египет, Јордан и Ирак тој порача дека „насилството и злото никогаш нема да победат над Исус“.

Ватикан и христијанските малцинства на Блискиот Исток протестираа против можната воена интервенција предводена од САД во Сирија, предупредувајќи на раст на радикалниот исламизам.

Папата Франциско минатата недела исто така повика на ден на молитва за мир во Сирија, предупредувајќи дека војната создава уште војни, истовремено осудувајќи ја употребата на хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше