Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 2. коло на фјучрс турнирот во Белград. Нашата тенисерка ја совлада Милица Степановиќ од Србија со 6:1 во двата сета.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од дуелот Марина Лазиќ (Србија) и Ингрид-Александра Раду (Романија).
Ѓорческа е рангирана како седма носителка на турнирот.
Таа во игра на двојки заедно со Романката Камелија-Елена Кристеа ги победија Валентини Граматикопуло од Грција и Сара Митровиќ од Србија со 6:0 и 6:1 во сетови.
Денеска заврши настапот и на втората македонска тенисерка на овој турнир. Магдалена Стоилковска и Калеми Шели од Франција загубија од четвртите носителки Ема Микулиќ од Хрватска и Дејана Раичковиќ од Германија со 6:3 и 6:1 во сетови.
Стоилковска во квалификациите стигна до 3.коло каде беше елиминирана од Елизабета Бауер од Србија.