AcerЛиквид С2 – прв смартфон со 4К видео камера

Од:

Acer го најави својот нов смартфон Ликвид С2, што може да снима видео записи во 4К резолуција, кој ќе биде претставен на ИФА саемот во Берлин.

Станува збор за прв смартфон на пазарот што овозможува снимање со 3840х2160 резолуција. Најголем успех претставува фактот што Acer успеале да вградат таков сензор во уред со димензии на обичен смартфон.

Acer Ликвид С2 има екран од 6 инчи во ФулХД, камера со 13 мегапиксели и прстенест ЛЕД блиц на задниот дел и предна камера со 2 мегапиксели. За снимањето во 4К да биде перфектно е задолжен четиријадрен Снапдрагон 800 процесор со 2,2 Гигахерци и 2 ГБ работна меморија.

Новиот смартфон на Acer ќе поддржува 4Г врска и ќе има батерија со капацитет од 3.300 мАч.

Телефонот се очекува во продажба  кон крајот на октомври.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска