Јужнокорејската компанија Ел-Џи пред премиерата на ИФА саемот во Берлин објави како ќе изгледа таблетот Г Пад со екран од 8,3 инчи во ФулХД и тежина од само 338 грама.
Г Пад доаѓа во црна и бела боја со димензии што ќе овозможат да се носи во џеб и тежина од само 338 грама. Ел-Џи Г Пад е опремен со 16 ГН внатрешна меморија, 2 ГБ работна меморија и две камери. Камерата на задниот дел има пет мегапиксели, а предната 1,3 мегапиксели.
Уредот работи на Снапдрагон 600 четиријадрен процесор со 1,7 Гигахерци. Капацитетот на батеријата е 4,600 мили Ампер часа. Г Пад работи на Андроид 4.2.2. и има димензии од 216.8х126.5х8.3 милиметри.
Ел-Џи се уште не објави детали околу цената и кога Г Пад ќе се најде во продажба, но се очекува тоа да биде во четвртиот квартал од годината.